Патики кои ќе го освојат светот во 2017 година

Патики кои ќе го освојат светот во 2017 година

Лос Анџелес, 16 декември 2016 (МИА) - Доколку сте љубителка на патики, тогаш сигурно веќе знаете за „Пума Баскет“ хип-хоп моделот, кои беа ултрапопуларни во 70-те години од минатиот век.

На крајот на годинава, овие обувки се враќаат во ново женско руво и на радост на многумина излегуваат на пазарот за само неколку дена.

Патиките ќе се појават со два типа врвки: сатенски и обични, што ќе бидат подебели од оние на оригиналните модели.

Првично, патиките ќе се продаваат само во црна и бела варијанта, но за напролет се најавуваат и нови модели. си/сп/10:52

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.