Пенелопе Круз - ново заштитно лице на Шанел

Пенелопе Круз - ново заштитно лице на Шанел

Париз, 19 јули 2018 (МИА) - Францускиот бренд Шанел наскоро ќе добие нова промоторка со латино стил. Се работи за шпанската глумица Пенелопе Круз - новата амбасадорка на овој светски познат бренд.

Оскаровката која, меѓу другото, многу добро се познава со еден од највлијателните дизајнери на Шанел, Карл Лагерфелд, е снимена на модна ревија на брендот за облека, што е прво нејзино појавување во јавноста како бренд амбасадор.

Таа ќе биде заштитно лице на ексклузивната „Круз“ кампања, осмислена и реализирана од Лагерфелд.

- Тоа е бренд икона, а Карл е генијалец. Јас се воодушевувам од се што тој чини, така што големо задоволство ми е да соработувам со него. Дури и позирање пред неговиот објектив е вистинска авантура, изјави Круз.

Со ова, таа се придружува на популарните дами кои во минатото потпишаа за овој бренд - Марго Роби, Кира Најтли, Кристен Стјуарт и Лили Роуз Деп. си/паг/15:47

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ