Спреј што го заменува пеглањето

Спреј што го заменува пеглањето

Скопје, 24 јули 2018 (МИА) - 3а многумина пеглањето е една од најздодевните домаќински работи. Сепак, има начин како тоа да се изостави - спреј што ја заменува оваа домашна работа што не може да се избегне. Рецептот е следниот:

Потребни состојки:

- 400 милилитри дестилирана вода;
- мала лажица омекнувач за алишта;
- мала лажица алкохолна киселина;
- празно шише со распрскувач.

Во шишето се става дестилираната вода, па се додава мала лажица омекнувач и една со алкохолна киселина. Сето тоа се промешува и спрејот е подготвен за употреба.

Начин на употреба:

Облеката треба да биде сува, и таа прво се порамнува со рака. По попрскувањето, закачете ја облеката да се исуши, таа е подготвена за носење. си/гт/14:50

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ