• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

Систем за седење инспириран од клопче волна

Систем за седење инспириран од клопче волна

Рим, 9 август 2018 (МИА) - Модерните дизајнери добиваат инспирација од различни сфери при креирањето мебел и аксесоари а овој пат станува збор за плетење.

Баблс фотелјата на Елис Мор претставува модуларен систем за седење, инспириран од клопче волна, а кој доаѓа во единици од три поврзани сегменти, во различни големини и боја, овозможувајќи конекција на дополнителни елементи на многу забавен начин.

Мебел волна

Со поместување на делови, може во секој момент да се смени позицијата на парче мебел или да се прилагоди на ентериерот. Мебелот Баблс е рачно плетен со две техники, а секоја единица доаѓа во различна боја, овозможувајќи им на корисниците да ја одберат омилената и да ги измешаат во еден систем.

Мебел волна

Главна цел на проектот е создавање систем за седење кој може да биде персонализиран на различни начини и составен за некоја голема забава. ссм/09:43

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...