• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

Нов „Гучи“ часовник за две временски зони

Нов „Гучи“ часовник за две временски зони

Фиренца, 15 август 2018 (МИА) - Италијанскиот моден бренд „Гучи“ продолжува да го освојува светот со своите нови дизајни, благодарение меѓу другото и на креативниот директор Алесандро Микеле, кој создаде часовник за две временски зони.

Првиот часовник од серијата „Гучи ГМТ Аутоматикс“, „Џи-Тајмлес ГМТ“ има челично куќиште со пречник од 40 милиметри и едноставен минималистички изглед.

Полиран е со мат црн ПВД и содржи апликации во форма на ѕвезди и срциња.

Следен е „Ерикс ГМТ часовникот“, со гиљош бројчаник со карактеристични геометриски и змијулести додатоци. си/сп/11:44

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ