• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Нова капсула колекција на Пума во чест на 50-годишнината од основањето на брендот

Нова капсула колекција на Пума во чест на 50-годишнината од основањето на брендот

Рим, 11 септември 2018 (МИА) - Креативниот директор на модните куќи Шанел и Фенди, Карл Лагерфелд оствари уште едно во низата партнерства со спортскиот бренд Пума.

Специјалната капсула колекција е дизајнирана во чест на 50-годишнината од брендот и содржи 13 модни парчиња, меѓу кои и специјална верзија на прочуените Пума Суед патики. Колекцијата е наменета за мажи и за жени. За жените во понудата има и кратки маици и комбинезони.

За мажите, пак, има тесни џемпери, маици и тренерки. Колекцијата содржи и ранец, чанта и бејзбол капче.

Колекцијата ќе се најде на пазарот од 18 октомври, а цените се движат од 40 до 75 евра. си/паг/13:20

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.