• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

Груби се сретна со шпанскиот амбасадор

Скопје, 7 март 2018 

Денес (7 март 2018), во просториите на Собранието на Република Македонија, претседателот на Комисијата за европски прашања, г. Артан Груби, имаше средба со амбасадорот на Кралството Шпанија во Република Македонија, Н.Е. г. Емилио Лоренцо Сера.

Соговорниците разменија мислења околу внатрешно-политичката ситуација во земјата, членството на земјата во евроатланските структури, добрососедството, јазичната еднаквост и реформските активности во контекст на пораките содржани во новата Стратегијата на Европската Комисија за проширување со земјите од Западниот Балкан до 2025 година.

Во врска со спроведувањето на реформската агенда, Груби оцени дека за реализација на истата е неопходен политички и општествен консензус.

Груби го запозна Амбасадорот со предизвиците со кои се соочува Република Македонија на патот кон ЕУ и НАТО. Притоа, посебно внимание беше ставено на напорите кои се прават во тој процес, вклучувајќи го и текот на преговорите со Грција за надминување на разликата околу името, при што изрази оптимизам за постигнување на конечно решение.

Коментирајќи ги интегративните перспективи на регионот, соговорниците се согласија дека само сигурен, стабилен и прогресивен Западен Балкан како дел од европското семејство претставува гарант за иднината, стабилноста и безбедноста на Европа во целина.

Амбасадорот Лоренцо Сера ги поддржува евроатланските аспирации на Македонија и изрази заинтересираност за да го помогне нашиот пат кон ЕУ и НАТО.

Комисија за европски прашања на Собранието на РМ

____________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ