• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

АВМУ ги осудува заканите упатени кон Селмани

АВМУ ги осудува заканите упатени кон Селмани

Скопје, 8 март 2018 (МИА) - Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги најостро ги осудува заканите упатени кон претседателот на Здружението на новинарите, Насер Селмани.

- Заканите и нападите врз новинарите се апсолутно неприфатливи и претставуваат поткопување на демократијата и на правото на јавноста за објективно и професионално информирање. Ваквите појави придонесуваат за слабеење на слободата на медиумите и на нивната способност за слободно и независно известување, се вели во соопштението на АВМУ.

Агенцијата апелира да им се овозможи на новинарите непречено да ја вршат својата работа, ослободени од какви било закани и притисоци.

Селмани добил заканувачка порака на Фејсбук од братот на Бекир Асани, Бејтула Асани, откако претседателот на ЗНМ на својот профил напишал дека правната држава клекна пред еден силеџија, за случајот со пајакот и полицајката. бк/скс/11:54

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ