• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

Груби се сретна со британскиот амбасадор Гарет

Скопје, 8 март 2018 

Денес (8 март 2018), претседателот на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија, г. Артан Груби, оствари средба со г-ѓа Кетрин Барнс,Раководител на Одделот за Албанија, Косово и Македонија во Секторот за Западен Балкан во Британското Министерство за надворешни работи, амбасадорот на Обединетото кралство г. Чарлс Гарет и г. Џереми Вилмшурст, политички секретар во Британската амбасада во Виена.

На средбата, Претседателот на Комисијата, г. Артан Груби, ги информира гостите за актуелните случувања во земјата, во однос на активностите на Собранието на Република Македонија за реализацијата на предвидените активности во рамките на Реформскиот план на Владата, пред се за реформите во правосудниот систем и другите области, кои се бараат од земјата за симнување на условеноста на препораката за почеток на преговори за ЕУ членство во априлскиот извештај на Европската комисија, спорот со името како и за јазичната еднаквост,

Во тој контекст, Груби ги остакна неговите видувања за решавањето на спорот со името и добрососедските односи на земјата, при што истакна очекување за достоинствено решение на контестот кој што не држи далеку од Брисел.

На средбата, беше разговарано и за реформите, при што Груби истакна дека процесите во Собранието во однос на усвојување на реформски закони и транспарентост се во многу добар тек и нагласи дека скоро очекува и договор и усогласување на 2/3 закони и со опозицијата.

Во однос на Законот за Јазиците, Груби рече дека решение на ова прашање е раговарано,преговарано и договорено и претходно со ВМРО и сега со СДСМ, додека јавноста дебатира за ова прашање веќе 16 години. Овој закон е шанса за опозицијата, за Иванов, но и за сите други да придонесат Македонија да стане силно кохезивно општество со заокружен нормативен дел на Охридскиот Договор.

Груби коментираше и околу односите во коалицијата, при што истакна дека се одлични и покрај постојаните напори преку лажни вести,пропаганда и непостоечки ситуации да се нарушат односите.

Комисија за европски прашања на Собранието на Република Македонија 

____________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ