Видео порака од заменичката генерален-секретар на НАТО до Шекеринска и жените во Македонија (видео)

Видео порака од заменичката генерален-секретар на НАТО до Шекеринска и жените во Македонија (видео)

8 март 2018

Заменичката на генералниот секретар на НАТО, Роуз Готемелер, испрати специјална видео порака до министерката за одбрана Радмила Шекеринска и жените во Република Македонија.

Во пораката, заменичката на генералниот секретар на НАТО, Готемелер, вели:

Денеска го одбележуваме Меѓународниот ден на жената. За нас во НАТО, денеска, како и секој ден, го промовираме учеството на жените во сите области на безбедноста и одбраната.

Жените можат да претставуваат и навистина се катализатор за мирно решавање на конфликти. Ние можеме и играме водечка улоги во спречувањето на конфликтите и во зајакнувањето на владеењето на правото и доброто управување. Ние знаеме дека мирот најдобро може да се гарантира преку инклузија. Ние знаеме дека, иако треба уште многу да направиме, сепак напредуваме.

Сакаме НАТО да биде глобален лидер за еднакви права и еднакво учество на жените. Знам дека и вие сте посветени на тоа, и би сакала да и оддадам признание на вицепремиерката Шекеринска и нејзиниот тим за нивната работата во оваа област. Ви благодариме и имајте одличен Меѓународен ден на жената“.

Пораката на Готемелер беше емитувана на трибината во организација на министерството за одбрана на тема „Родова перспектива во одбраната“ по повод Меѓународниот ден на жената.

Министерство за одбрана

____________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ