Реакција од Совет на Град Скопје

9 март 2018

Градот Скопје остро ги демантира наводите и дезинформациите објавени денеска (09.03.2018 година) на интернет порталот „Курир“ со наслов „Граѓаните со остри критики: Шилегов ќе набавува пушки за да се убиваат кучиња, ова не смее да му помине! (ФОТО)“ и на социјалните мрежи - од страна на поединци и невладини организации, во коишто се тврди дека Град Скопје и ЈП „Комунална хигиена“ набавуваат пневматски пушки наменети за заловување на бездомните кучиња од скопските улици. Овие паушални тврдења се лага со која се манипулира јавноста.

Сакаме да нагласиме дека јавното претпријатие „Комунална хигиена“ е задолжено да се грижи за медицински третман на бездомни животни и за таа цел секоја година распишува тендер во кој се бара ветеринарна станица која ќе ги врши овие услуги. Во постапката, не се бара купување на пушки, туку во техничката спецификација се бара фирма која ќе врши асистенција за заловување на агресивни кучиња со пнеуматски пушки со употреба на соодветен анестетик, како и соодветна потврда издадена од МВР за управување со истото. Истите услови при медицински третман на бездомни животни биле користени и во претходните години 2014, 2015, 2016 и 2017 година и оваа метода е неопходна при справување со агресивни кучиња и истата е безболна. Наведената јавна набавка е поништена, а критериумите ќе бидат повторно разгледани и ревидирани.

Во тој контекст би сакале да ја информираме јавноста дека ЈП „Комунална хигиена“- Скопје веќе две години наназад поседува две пневматски пушки коишто беа набавени од претходната градска власт, како и лиценца и дозвола за нивна употреба, но истите никогаш досега не биле употребени за време на заловување на бездомните кучиња. Пневматските пушки не се наменети за усмртување на животните, туку за нивно евентуално успивање, само и доколку се јават проблеми во текот на заловувањето.

Сакаме да го потенцираме фактот дека секое заловено куче го прегледува екипа од ветеринари коишто проценуваат дали животните се здрави и дали со своето однесување претставуваат опасност за безбедноста на граѓаните.

Во однос на спроведувањето на Програмата за хуман третман на животните и потребните хигиенско-технички стандарди, Стационарот е под инспекциски надзор на Агенцијата за храна и ветерина на РМ.

Град Скопје

____________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Почина уште еден актер од серијата „Синови на анархијата“, втор во три месеци

Глумецот Пол Џон Васкез, кој е познат по улогата в...

Вили на Босфорот се продаваат за цени и до 100 милиони долари

Шеесет луксузни вили на Босфорот, т.е. во Истанбул...

Со масло за јадење бркале зли духови од музеј

Суд во Атина осуди две бугарски државјанки на чети...

Меган Маркл во живанши-тоалета од 2.510 фунти

На традиционалната средба со припадници на маорска...

Ѕвездата од „Бубалици“ во уште една хумористична хит-серија

Еден од главните актери во комедијата „Бубалици“, ...