Соопштение на Синдикатот на администрација и државна управа на Македонија

9 март 2018

Синдикатот на администрација и државна управа на Македонија (САДУ) има морална одговорност да ги информира своите членови за манипулациите на Министерството за информатичко општество и администрација и Синдикатот на УПОЗ цели девет до десет месеци.

Прво, Одлуката т.е. Заклучокот на Владата на Република Македонија е да се направи спогодба само со веќе утужените права за кариера, а истите два субјекта вешто манипулираат со изјавите и државните службеници со цел да се сопрат тужбите. Фактот што во институциите за спогодба се повикуваат само колеги коишто имаат утужено е непобитен факт и само од себе кажува за груба манипулација.

Ги охрабруваме сите наши колеги да не подлегнуваат на изјавите и да си ги побараат своите права преку суд за што САДУ ви стои на располагање за бесплатна правна помош.

На крај, повикуваме да престанат со манипулациите и тоа што беше ветено да го остварат во насока на повисоки плати со усогласувањето со минималната плата што е законска обврска, а не зад затворени врати да прават уште полоши законски решенија и договараат отпуштање во насока на трансфер од јавен во приватен сектор.

Ги повикуваме јавно да не заборават дека САДУ како репрезентативен синдикат во јавниот сектор е тука и будно ги следи и дека нема да дозволи да бидеме отпуштени и деградирани, дека секогаш ќе бидеме на линијата на унапредување и сочувување на работничките права.

САДУ

____________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Олег Сенцов стана почесен граѓанин на Париз

Украинскиот филмски режисер осуден на 20 години за...

Британски математичар тврди дека пронашол решение за проблем стар 160 години

Еден од најистакнатите британски математичари, Мај...

Познатиот професионален убиец на ТВ-екраните стана модна икона

Ѕвездата од новата ТВ-серија „Убиствената Ив“, ист...

Премиерката на Нов Зеланд и нејзиното бебе - хит во ОН

Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, која ов...

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...