• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

Царината заплени девизи, парфеми, фалсификати,...

Скопје, 12 март 2018

Во текот на минатата недела, царинските службеници спречија обид за нелегален влез на патници и повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани девизи, маслиново масло, црковни предмети, парфеми, цигари, компјутерски делови, водни пумпи и фалсификати.
Задржана е следната стока:

Девизи
- 13.000 британски фунти, откриени на интернационалниот аеродром Скопје, при контрола на патните торби на косовски државјанин кој пристигнал со лет од Лондон. Во внатрешноста на торбата биле пронајдени 15.000 британски фунти и 7.900 евра. Согласно законските прописи на патникот му биле вратени 7.900 евра и 2000 британски фунти, противвредност на 10.000 евра, износ што може слободно да се внесе во државата, а за сторениот прекршок ќе биде поведена прекршочна постапка.

Маслиново масло, црковни предмети и парфеми
- 95 литри маслиново масло, 110 црковни чаши, 220 парчиња миризлив темјан, 13 килограми парфимирани води, 700 украсни нараквици, 8 килограми фитил и 2 килограми плута за кандила, откриени при контрола босански камион управуван од босански државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Дојран. Непријавените производи, пронајдени во повеќе кутии и кеси, сместени на креветот и позади седиштата во кабината на возилото, се привремено задржани, а против возачот ќе биде поведена соодветна постапка.
- 160 парчиња парфеми од 50 милилитри, откриени при контрола на македонски автомобил управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Богородица. Непријавените парфеми, пронајдени во две платнени торби, сместени во багажникот на возилото, се привремено задржани, а против возачот ќе биде поведена прекршочна постапка.

Цигари
- 25 штеки цигари со македонски акцизни маркички, откриени на интернационалниот аеродром Скопје, при контрола на патните торби на македонски државјанин кој имал намера да отпатува со лет за Гетеборг. Непријавените цигари се привремено здржани, а против патникот ќе биде поведена прекршочна постапка.

Компјутерски делови и водни пумпи
- 8 графички карти и 1 матична плоча, откриени на интернационалниот аеродром Скопје, при контрола на патната торба на македонски државјанин кој допатувал со лет од Копенхаген. Непријавените производи се привремено задржани, а против патникот ќе биде поведена прекршочна постапка.
- 10 водни пумпи откриени од страна на мобилните царински тимови, при контрола на македонски автомобил, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Блаце. Непријавените производи, пронајдени во пластична гајба сместена во багажникот на автомобилот, се привремено задржани, а против возачот ќе биде поднесено барање за поведување прекршочна постапка.

Стока за која постои сомневање дека повредува права од интелектуална сопственост
- 468 парфеми, 220 лосиони, 18 рачни торби и 2 комплети несесери со ознаки на заштитена трговска марка, откриени при контрола на стока со потекла од Соединетите американски држави, наменети за увозник од Скопје, пријавени за увозно царинење во царинската испостава Струга. Поради сомневање дека производите повредуваат права од интелектуална сопственост, истите се привремено задржани, и согласно законските прописи ќе биде поведена постапка за утврдување на нивната оригиналност. Пазарната вредност на сомнителните производи е проценета на околу 750 илјади денари, доколку би се продавале како оригинали.
Покрај тоа, биле пронајдени и 4 нови гуми за патничко возило и 1 скара, што не биле опфатени со царинската декларација, за што ќе биде поведена прекршочна постапка против увозникот.
- 1 дијагностички уред за моторни возила со ознаки на заштитена трговска марка, откриен во царинската испостава Аеродром Скопје – отсек за стоково царинење, при контрола на ДХЛ пратка од Сингапур, наменета за физичко лице од Косово. Поради сомневање дека уредот повредува права од интелектуална сопственост, истиот е привремено задржан, и согласно законските прописи ќе биде поведена постапка за утврдување на неговата оригиналност.

Мигранти
Царинските службеници од граничниот премин Богородица спречиле обид за нелегален влез во државата на 8 патници. На ден 09.03.2018 година, во претпладневните часови, за влез во државата се пријавил бугарски минибус, управуван од бугарски државјанин, со кој патувале тројца патници. При првичен преглед на минибусот биле забележани преправки на кровната конструкција, а по извршениот детален преглед бил откриен дополнително конструиран простор под кровот, во кој биле пронајдени илегалните патници без документи за идентификација. Според изјавата на возачот, возилото го презел од Атина и требало да го пренесе до западноевропските земји, а не знаел дека во возилото се сокриени мигранти. Целиот случај е предаден на полициските службеници од граничниот премин за понатамошна постапка.

Царинска управа на Република Македонија

____________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...