• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

Средба Груби-Ромеро: Приоритет ЕУ реформите

Средба Груби-Ромеро: Приоритет ЕУ реформите

Скопје, 12 март 2018

Денес (12 март 2018) претседателот на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија, г. Артан Груби, оствари средба со амбасадорот на Република Италија во Република Македонија, Н.Е.г. Карло Ромео.

На средбата, претседателот на Комисијата, г. Груби, разговараше со амбасадорот Ромео за актуелните настани, при што истакна дека во земјата приоритет се ЕУ реформите, кои се неопходни за отстранување на условената препорака за давање датум за почеток на преговорите за ЕУ членство, во претстојниот Годишен извештај на Европската комисија за Република Македонија, во април.

Во однос на Законот за Употреба на Јазиците, Груби истакна дека ниту еден друг закон не е дебатиран повеќе и подолго од законот за јазиците и затоа дојде време да се затвори ова прашање деновиве со што успешно ќе го заокружиме нормативниот дел на Охридскиот Договор.

Истата храброст во решавање на прашањата треба заеднички да ја демонстрираме и со спорот со името.
Амбасадорот Ромео ги поддржа ЕУ процесите во земјата, кои се во насока на нашите евроатлантски интеграции, при што изрази надеж дека Македонија ќе ги испорача потребните резултати до затворањето на Извештајот.

Во тој контекст, ја потврди италијанската заложба за интегрирање на земјите од Западен Балакан во ЕУ и НАТО, што беше потврдено и на последниот самит во Трст, мината година.

Комисија за европски прашања 

____________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ