Реакција на МЗ на изјавата на д-р Сашко Кедев

13 март 2018 

Министерство за здравство ја гарантира безбедноста на пациентите во процесот на лекување и третман на сите нивоа на здравствени услуги.

Министерството за здравство категорично ги демантира тврдењата на д-р Сашко Кедев. Министерството смета дека на д-р Кедев не му доликува во јавноста да изнесува невистини за работата на Клиниката за Кардиологија, на која и тој самиот до неодамна беше директор.

Потенцираме дека на Клиниката за кардиологија работат истакнати професионалци од оваа област. Во исто време, тие постојано се доедуцираат во врвни странски и домашни институции. Како Министерство за здравство, ја гарантираме безбедноста на пациентите во процесот на лекување и третман на сите нивоа на здравствени услуги.

Исто така, истакнуваме дека на Клиниката за кардиологија во изминативе неколку месеци не се направени кадровски промени, освен на позицијата шеф на ангио салата. Имено, на оваа функција д-р Жан Зимбаков го замени д-р Сашко Кедев, и сега раководител на ангио – салата е друг искусен интервентен кардиолог.

Сметаме дека вчерашните тврдења на поранешниот директор на Клиниката за кардиологија, д-р Сашко Кедев, кои апсолутно се невистинити, се директен удар врз целокупниот здравствен систем од кој, и тој самиот е дел.

Нема да дозволиме неоснованите и невистинити забелешки да не одвратат од нашата фокусираност кон вистинските реформски процеси.

Министерство за здравство

____________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ