• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

Реакција на МЗ на изјавите на дел од археолозите во однос на локацијата на новиот Клинички центар

13 март 2018

Локацијата за новиот клинички центар не влегува во површината дефинирана како строго заштитена зона

Министерството за здравство информира дека локацијата за изградба на нов универзитетски клинички центар-Скопје е во согласност со Генералниот урбанистички план за Град Скопје 2012-2022 година и законската и подзаконската регулатива од областа на урбанистичкото планирање, вклучително и Заштитата на културното наследство.

За потребите на ГУП на Град Скопје се изработени експертски елаборати и студии, во чија група влегува и Студијата за Заштитно конзерваторски основи, изработена од Националната установа Конзерваторски центар - Скопје, каде што се дадени насоките и параметрите кои треба и се вградени во ГУП-от, а се од областа на заштитата на културното наследство.

Во нив споменуваниот Археолошки локалитет Скупи, е дефиниран со неколку зони на заштита и тоа: строго заштитена зона (околу 78ха) и контактна зона.

За таа цел, сакаме да и појасниме на јавноста, дека локацијата за новиот клинички центар не влегува во површината дефинирана како строго заштитена зона, но на дел влегува во контакната зона. Во контактната зона може да се планираат и изведуваат градежни активности, но по утврдени правила и нормативи пропишани во Законот за заштита на културното наследство и Правилниците кои го надополнуваат.

Што се однесува до одлуката за дислокација потсетуваме дека е донесена по широки консултации со лекарите, архитектите и граѓаните. Остануваме цврсто посветени за изградба на овој капитален објект, каде што планирано е да бидат сместени и Медицинскиот факултет, соодветен истражувачки центар и кампус за студенти по медицина.

Министерство за здравство

____________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...