• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

Отворено писмо од Заедницата на Македонците во Хрватска против промена на уставното име и идентитетот

14 март 2018

Во името на Заедницата на Македонците во Република Хрватска како кровна организација на сите македонски друштва во Република Хрватска, Координацијата на Советите и претставниците на македонското национално малцинство во Република Хрватска и од сите други асоцијации и друштва на македонското малцинство во Република Хрватска праќаме отворено писмо до македонската јавност и политичките институции на Република Македонија дека македонската дијаспора во Република Хрватска е против каква било промена на името на македонската држава и промена на идентитетот на македонската нација.

Македонската дијаспора во Република Хрватска цврсто и одлучно порачува дека е со Република Македонија, Македонците и сите нејзини граѓани и ги повикува државните институции на Република Македонија да не отстапат пред политичките притисоци и никако да не се согласат со ниту едно друго име освен уставното име на македонската држава – Република Македонија.

Заедница на Македонците во Република Хрватска,

Координација на Советите и претставниците на 

македонското национално малцинство во Република Хрватска ,

Македонски и македонско-хрватски друштва 

и асоцијации во Република Хрватска

____________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ