• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

Реакција од Институтот за дефектологија до министерката за образование

Скопје, 21 март 2018

До
Проф. д-р Рената Дескоска
Министер за образование и наука
на Република Македонија


Предмет: Реакција на потпишаниот меморандум за подобрување на квалитетот на инклузивното образование меѓу МОН и Сојузот на дефектолози на Република Македонија

Почитувана Министерке,

Институтот за дефектологија, на својата вонредна седница одржана на 20.03.2018 година, констатира дека потпишаниот меморандум за соработка за подобрување на квалитетот на инклузивното образование го исклучува Институтот за дефектологија при Филозофскиот факултет во Скопје од предвидените активности во истиот. Институтот како единствена акредитирана високообразовна институција (за прв, втор и трет циклус) во нашата држава која едуцира кадар за оваа проблематика, смета дека треба да биде носител на сите активности поврзани со инклузијата на учениците со пречки во развојот.

Наставниците на Институтот за дефектологија уште од 1998 година се вклучени во креирање на инклузивната култура, политика и практика со изготвување на Прирачник за инклузија на децата со посебни потреби во редовните училишта во Република Македонија преку проект на УНИЦЕФ и Бирото за развој на образованието, поддржан од Министерството за образование и наука. Во периодот од 2006 до 2010 година наставниците од Институтот за дефектологија беа провајдери на проектот Модернизација во образованието, на тема „Работа во училница со ученици со посебни потреби“. Исто така, во 2013 година на нашиот институт започнаа и постдипломските студии за инклузивно образование на учениците со пречки во развојот. Како акредитирана високообразовна инстиуција, членовите на институтот се изготвувачи и реализатори на предметната програма по инклузивно образование во рамките на иницијалното образование на наставниците при Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје уште од 2007 година. Наставниот кадар од институтот учествувал во голем број меѓународни и национални проекти од областа на инклузивното образование и автори се на повеќе трудови објавени во меѓународни списанија од оваа област.

Ве молиме да ги земете предвид сите досегашни активности и континуираната заложба на професорите од Институтот за дефектологија за квалитетно инклузивно образование и во исто време бараме институтот да биде носител на сите предвидени активности за учениците со пречки во развојот.

Доставено до
Влада на Република Македонија
Министерство за образование и наука на Република Македонија

 

Раководител на Декан на Институт за дефектологија Филозофскиот факултет  Доц. д-р Наташа Станојковска-Трајковска Проф. д-р Ратко Дуев

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.