Повик за прибирање на податоци за лица - нерегистрирани во матична книга на родени

Скопје, 22 март 2018 

Управата за водење на матичните книги во соработка со Министерството за Труд и социјална политика објавува повик  за  прибирање на податоци за лица - нерегистрирани во матична книга на родени. Се повикуваат сите лица кои што немаат регистрирано упис на раѓање во матичната книга на родени, да достават барањe за дополнителен упис во матична книга на родени .

Барањето за дополнителен упис може да се достави до подрачните канцеларии на Управата за водење на матичните книги.  При поднесувањето на барањето за дополнителен упис, лицата треба ги поднесат  документите кои што се потребни за упис на раѓање.

Во рамките на овој повик доколку лицата не поседуваат било каков документ/доказ потребен за поднесување на барањето за  дополнителен упис, службеникот ќе биде должен да го прими барањето се со цел собирање на податоци за лицата кои што не се евидентирани во матичната книга на родени и добивање  на официјален податок за тоа колку лица во Република Македонија не се регистрирани во матичната книга на родените. 

Лицата кои ќе се пријават на повикот а при тоа не поседуваат никаков документ дополнително ќе бидат известени за постапката.

Повик за  доставување на барање за дополнителен упис и прибирање на податоци за лица кои што не се евидентирани во матична книга на родени  во согласност со горенаведеното ќе трае во период од 2 април  до 30 септември 2018 година .

За таа цел сите лица кои што се соочуваат со нерегистрирано раѓање во матична книга на родени  потребно е да се обратат исклучиво до подрачните канцеларии на Управата за водење на матичните книги во согласност со наведениот повик. 

Министерство за труд и социјална политика 

Управа за водење матични книги 

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ