• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

И ДУП-от и зеленилото се прашања на родова еднаквост!

22 март, 2018

На 22 март 2018, во Салата на Советот на Општина Центар, се одржа дебата под наслов „Кон родово инклузивен буџет во Општина Центар“ организирана од Здружението за унапредување на правата на еднородителските семејства „Една може!“ – Скопје и Здружението за унапредување на родовата еднаквост Акција Здруженска – Скопје во рамки на проектот „Застапување на родово инклузивни локални буџети“ поддржан од Цивика мобилитас.

На дебатата беа презентирани клучните наоди, искуства и препораки од мониторингот на процесот на подготовката на програмите и буџетот за 2018 година на Општина Центар. Освен дел од администрација на Општината, меѓу гостите беа Претседателката на Советот на Општина Центар, Јана Белчева Андреевска, Секретарот на Општина Центар, Маја Ралевска и Координаторката за еднакви можности на жени и мажи, Дрита Исени.

Меѓу клучните наоди беше истакнат недостатокот на консултации со граѓанките на општината за нивните потреби во процесот на носењето на програмите и буџетот на Општина Центар, делумната достапност на документи на официјалниот портал на Општината, недостатокот на кохерентен систем помеѓу секторите во Општината и отсуство на индикатори за следење на успешноста на мерките. Родова несензитивност во мерките на Општината и недостатокот од родовата анализа исто така беа истакнати во наодите.

Истовремено, Општина Центар е една од ретките општини кај што се споменуваат жените во Програмата на локалниот економски развој и има ажурирана Социјална карта, на која сепак се уште и е потребно внимание и работа. Отвореноста на Општината и соработката со мониторинг тимовите која ја имаа при процесот на следење се за пофалба.

Како препораки за Општина Центар, Една може! и Акција Здруженска предложија да се работи на поголемо вклучување на жените заради идентификација на приоритетните проблеми, прибирање родово релевантни податоци како основа за планирање на сите секторски програми и буџетот, подобрување на внатрешната координација и мерење на ефектите од програмите и мерките. Воедно, беше истакната потребата од поставување на прашањето на еднаквоста на жените и мажите во рамки на дебатата на Советот на Општина Центар.

Оваа средба е дел од активностите проектот на Акција Здруженска „Застапување на родово инклузивни буџети“, поддржан од Цивика мобилитас, проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ), кој го спроведуваат НИРАС од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) од Македонија и Шведскиот институт за јавна администрација (СИПУ) од Шведска.

Општата цел на проектот е да го унапреди третманот на родовите прашања во буџетското планирање на локално ниво преку зајакнување на капацитетите и поддршка на локалните женски невладини организации за следење и застапување на родовата еднаквост во буџетските процеси.

Една може и Акција Здруженска   

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...