Демант од Комората на изршители на РМ по повод објавените написи

Скопје, 29 март 2018

Комората на изршители на РМ смета дека треба да изнесе свој став врз основа на сензационалистичките написи во дел од медиумите, а во врска со објавениот статус на социјалните мрежи, презентирајќи информации со кои се нанесува огромна штета на фелата на извршители и на севкупниот правен систем во РМ со што се нарушува сликата за системот на извршување во РМ.

Имено, со поднесување на барањето за извршување, а согласно позитивните законски одредби од ЗИ и тоа членот 2 ставот 2 во кој недвосмислено е наведено дека извршувањето започнува по барање од доверителот, а видно и од членот 3 ставот 2 во кој е наведено дека извршителот не смее да го одбие спроведувањето на извршувањето, освен во случај ако се исполнети условите за неговото изземање и ако има сознание дека за истата  извршна исправа се спроведува извршување кај друг извршител. Комората го дава следниот коментар за овој предмет.

Согласно извршната исправа должникот бил задолжен да плати износ од 3.464,00 денари на име главен долг, како и трошоци во постапката направени пред нотарот во износ од 4.208,00 денари. Од причина што, должникот со задоцнување го платил главниот долг, а трошоците на постапката во износ од 4.208,00 денари останале ненаплатени започнува да тече камата на главен долг. Со оглед на тоа доверителот и пресметал законска казнена камата во износ од 1.00 денар во барањето пред извршителот побарал и исплата на трошоците содржани во платниот налог издаден од нотарот.

Во овој случај видно е дека должникот делумно ја исполнил својата обврска, како што е наведено во извршната исправа донесена од нотар, односно платил само главен долг во износ од 3.464,00 денари, а доброволно не ги исплатил трошоците на постапката кои биле авансирани од доверителот. Доверителот пресметал и побарал и камата за задоцнето плаќање на исплатениот главен долг, која законска казнена камата изнесува 1.00 денар. Во вакви околности доверителот составил и поднел барање за извршување до надлежниот извршител, кој морал да отстапи согласно горенаведениот член  3 став 3 од ЗИ што значи дека не постои повреда на постапката.

Комората на извршители чувствува етичка и професионална одговорност да ја информира пошироката јавнсот дека не се работи  за извршување на само 1.00 денар, туку се работи  за извршување на и на износ од 4.208,00 денари за трошоци на постапка, како и адвокатски трошоци во износ од 1.534,00 денари.

Со цел подобро информирање на јавноста Комората упатува апел до граѓаните, обврските да ги намируваат навремено, со што би се избегнале дополнителни трошоци кои влијаат врз нивниот личен стандард.

Комора на извршители на Република Македонија

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ