Реакција на Комисијата за заштита од дискриминација за Збирката поезија од проектот „Млади поети“

2 април 2018

Врз основа на избраните тематски содржини на конкурсот за Збирката поезија од проектот “Млади поети“  и нивното финансирање од страна на Агенцијата за млади и спорт, Комисијата за заштита од дискриминација, најостро ја осудува постапката на Агенцијата за млади и спорт, Стручната комисија која одлучувала при евалуација на содржините како и авторот на вознемирувачките и дискриминаторски содржини. Содржините кои се објавени од уредникот Дарко Каевски и воедно финансирани од Агенцијата за млади и спорт содржат елементи на дискриминација по основ на етничка, верска и родова припадност. Комисијата за заштита од дискриминација му препорачува на Директорот на Агенцијата за млади и спорт овие содржини да ги повлече од употреба, а на авторот и уредникот на оваа збира да внимаваат во иднина и да не објавуваат вакви содржини. Комисијата за заштита од дискриминација истотака и предлага на Стручната комисија за избор да внимава при понатамошните евалуации за соодветни збирки и нивните содржини.

Комисијата за заштита од дискриминација во својата работа секогаш се залага и ја почитува слободата на изразување и слободата на научно и уметничко творештво. Сепак, со оглед дека овие слободи сносат во себе “обврски и одговорности“, Комисијата се залага слободата на изразување и слободата на научно и уметничко творештво да се употребуваат на начин кој ќе ги почитува правата и слободите на другите.

Збирката на поезии содржи форми на изразување кои не се прифатливи за едно демократско и мултикултурно општество, а во исто време се во директен судир со повеќе одредби од Законот за спречување и заштита од дискриминација. Спорните делови од збирката особено поттикннуваат дискриминација (член 9) и предизвикуваат вознемирување  (член 7) по повеќе основи на дискриминација, особено пол и етничка припадност.

Комисијата ги повикува сите институции, во иднина да внимаваат на содржината на текстовите или други проекти кои на различни начини ги подржуваат и да не дозволат објавување на содржини кои се косат со правото на еднаквост, еднаквата вредност на поединците, да не дозволат објавување на содржини кои во себе имаат елементи на вознемирување или поттикнуваат дискриминација.

Комисија за заштита од дискриминација

____________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Со масло за јадење бркале зли духови од музеј

Суд во Атина осуди две бугарски државјанки на чети...

Меган Маркл во „Живанши“ тоалета од 2.510 фунти

На традиционалната средба со припадници на Маори з...

Ѕвездата од „Бубалици“ во уште една хит хумористична серија

Еден од главните актери во комедијата „Бубалици“, ...

Тинејџерка преживеала 49 дена на отворено море пиејќи цедена морска вода

Индонезиска тинејџерка минала 49 дена на отворено ...

Олег Сенцов стана почесен граѓанин на Париз

Украинскиот филмски режисер осуден на 20 години за...