• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

Реакција од МО на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ

 

2 април 2018

Очигледна е нервозата во ВМРО-ДПМНЕ од реформските процеси кои се одвиваат во МО. Оваа партија нема доблест да го поздрави покачувањето на платите во целиот армиски состав, унапредувањето на условите за работа на војската кои во нивно време беа уништени, покачувањето на буџетот за одбраната кој години наназад беше континуирано намалуван.

Особено не може да се помири со тоа што сериозно се работи на темелна реформа за посилна Армија во која ќе се вреднува трудот на секој припадник, нешто што во нивното владеење не беше ни на крајот од планот. Оваа партија не може дури ни да собере храброст да го поздрави отворањето на можноста за вработување на 375 професионални војници, млади луѓе кои ќе ја зајакнат македонската Армија. Огласот е штотуку отворен!

Одделение за медиа и мултимедијална работа, Министерство за одбрана

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ