МЗШВ ги отфрла лажните обвинувања - Функционалната анализа е законска обврска и во насока на поефикасна администрација

МЗШВ ги отфрла лажните обвинувања - Функционалната анализа е законска обврска и во насока на поефикасна администрација

Скопје, 5 април 2018

Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство демантира и најостро ги отфрла лажните обвинувања од политичката партија ВМРО-ДПМНЕ. Во институцијата не се вршат никакви притисоци, злоупотреби или кршење на човековите права, тоа е целосна невистина. Она што е вистина е дека се спроведува функционална анализа за работа на јавната администрација, што е законска обврска. Лажна вест е дека со нејзиното спроведување се прекрешни некои закони или права на вработените. Единствената и основна цел на функционалната анализа е поефикасно, пофункционално и поекономично министерство, кои ќе биде сервисно ориентирано кон граѓаните и кон земјоделците.

Согласно барањето на Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство до Министерството за информатичко општество и администрација, а почитувајќи ја законската обврска од Законот за вработени во јавниот сектор чл.17 став 4 дека секоја нова организација и систематизација се носи врз основа на функционална анализа, од МИОА побаравме Упатство за спроведување на функционална анализи во јавната администрација со број 12/4-1010/2, 19.02.2018 година.

Во согласност со одредбите од упатството, може да се подели на сите вработени или на одделни групи, може да биде анонимен или да биде наведено името и работното место. Пополнувањето може да биде електронски или во хартиена форма.

За спроведувањето на функционалната анализа е формирана работна група во состав од 5 члена, чија што работа е во согласност со методологијата за подготовка на функционална анализа на Министерството за информатичко општество и администрација и за потребите на МЗШВ.

МЗШВ при спроведувањето на функционалната анализа не побара матични броеви од вработените.

Прашалникот содржи прашања за опис на работните задачи, работни задачи што се работат вон опис на предвидените работни задачи, материјални закони кои го покриваат нивното работење, дали стручните компетенции соодвествуваат со стручните компетенции на вработените, дали треба да има проширување или намалување на нивните сектори, дали знаат кои државни советници ја покриваат областа на секторот во кој работат, и други прашање чии што одговори се важни за ефикасно функционирање на сите сектори во рамки на МЗШВ.

Законот за државни службеници не е прекршен поради тоа што е вон сила од 2015 година, а спроведувањето на анализата не е оценување на административните службеници, туку анализа на работните обврски и задачи во секторите МЗШВ, а се со цел ефикасно и професионално функционирање на администрација.

МЗШВ демантира дека одговорите од прашањата се пробиени, тие се обработуваат исклучиво за потребите за изработка на функционалната анализа.

Лицето Трајче Ангеловски е посебен советник за човечки ресурси и администрација и член на работната група за изготвување на функционалната анализа, организација и систематизација со број 02-3416/1, 25.02.2018 година.

МЗШВ најостро ги отфрла обвинувањата дека со функционалната анализа се вршат партиски притисоци, злоупотреби и кршење на човековите права. Единствената и основна цел на функционалната анализа е поефикасно, пофункционално и поекономично министерство, кои ќе биде сервисно ориентирано кон граѓаните и кон земјоделците.

МЗШВ преку низата преземени мерки докажа дека нема селективен пристап кон исплатата на субвенциите, ги подобрува условите во земјоделството преку нови законски решенија, нови мерки, зголемени субвенции, обезбедување на сигурен пласман и производство, подобрување на условите за зголемување на трговската размена со странските земји, со единствена цел. создавање модерно и конкурентно земјоделско производство. Земјоделците знаат како досега функционирала оваа институција и што сега се презема се презема за подобрување на состојбата. 

Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ