• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Руската Амбасада демантира дека е организатор на протестите пред амбасадата

Руската Амбасада демантира дека е организатор на протестите пред амбасадата

Скопје, 6 април 2018

Почитувани,

Во врска со шпекулациите проширени во некои медиуми дека митингот одржан деновиве пред Амбасадата на Русија во Скопје, како и обраќањето на Амбасадорот на Русија пред неговите учесници наводно претставува прекршување на Виенската конвенција за дипломатски односи од 1961 година, известуваме дека таквите тврдења покажуваат дека нивните автори малку знаат за содржината на Виенската конвенција. Ве потсетуваме дека Амбасадата на Русија не беше ниту иницијатор, ниту организатор на овој митинг. Меѓутоа, ние сме благодарни на стотици луѓе кои се собраа пред Амбасада за да му го изразат своето сочувство и поддршка на нашиот народ по повод неговата болка поради смрта на 64 луѓе, објавија минута молк за загинатите, јасно се изразија за пријателство и соработка меѓу Македонија и Русија, против провокации во однос на нашата земја, кои им нанесуваат штета на пријателските руско-македонски односи. Земајќи го предвид, долг е на професионален дипломат па и на секој воспитан човек да се излезе кон собраните и да им се заблагодари за солидарноста и поддршката. Токму тоа и се случи, и во овој израз на почит кон граѓаните на Македонија нема никакво прекршување на одредбите на Виенската конвенција која, патем речено, обврзува „да се поттикнуваат пријателските односи меѓу државата која испраќа и државата-домаќин“.

Сѐ друго е несовесни толкувања кои треба да останат на совеста на нивните автори, заинтересирани, како што изгледа според таквите шпекулации, само за ширење на тврдењата за „руското мешање и закана“ и влошување на односите меѓу Република Македонија и Руската Федерација. За никого не е тајна кои деструктивни сили стојат зад овие пропагандистички измислици.

Амбасада на Руската Федерација во Република Македонија 

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ