Шапуриќ во посета на велешките компании Ветекс, Мирана и Динамо Хит

Скопје,  17  април 2018 (МИА) - Минстерот без ресор задолжен за регулатива за подобрување на инвестициска клима за домашните претпријатија  Зоран Шапуриќ вчера беше во посета на Општина Велес.

Во рамки на посетатата министерот ги посети и компаниите Ветекс, Мирана и Динамо Хит. Во разговорите со менаџментот на компаниите од една страна беше информиран за работењето на овие компании и нивните планови за понатамошни инвестиции во зголемување на производствениот капацитет, а од друга страна пак со проблемите со кои се соочуваат во текот на своето работење. На ова министерот им одговори дека ќе бидат контактирани надлежните институции со цел наоѓање решение за надминување на сите пречки и проблеми за нивно непречено работење.

Притоа, тој ги запозна со мерките на Владата за зголемување на конкурентноста и инвестициите, внесени во правна рамка во Законот за финансиска поддршка на инвестициите на што менаџментите на компаниите изразија задоволство.

Кабинет на министер задолжен за регулатива за подобрување инвестициска клима за домашни компании д-р Зоран Шапуриќ

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...