АС ЕЛЕМ: Може да произведуваме струја преку хидроелектраните толку колку им е моќноста

АС ЕЛЕМ: Може да произведуваме струја преку хидроелектраните толку колку им е моќноста

Скопје, 19 април 2018

АД ЕЛЕМ може да произведува електрична енергија преку хидроелектраните толку колку што е нивната моќност. Во години на големи дотеци, како што е оваа, производствените капацитети на АД ЕЛЕМ технички не се во можност да ја прифатат целата вода. Два и пол месеци електраните Глобочица и Шпилје работат со максимален капацитет и се произведува електрична енергија според максималната инсталирана моќност на овие  капацитети.

Сакаме, исто така, да појасниме дека претпразнење на акумулациите во есенскиот период немаше потреба да се прави, затоа што претходното раководство на компанијата ги остави акумулациите речиси празни и од тие причини дополнително претпразнење не беше потребно да се направи.

Понатаму, АД ЕЛЕМ не е единствениот корисник на водните ресурси каде што има инсталирано хидроенергетски капацитети. Согласно со тоа, АД ЕЛЕМ може да ги користи дотоците во овие водни ресурси согласно со Дозволите за користење на вода, кои пропишуваат услови за користење.

Исто така, потребно е да се наведе и дека во изминатите месеци АД ЕЛЕМ со максимални напори го одржуваше балансот и на Охридското езеро и по течението на Дрим и во акумулациите, се со цел да не се нанесе штета на околните населени места, и во тоа се успеа.

Целта на оваа државна компанија не е по секоја цена да произведе и да оствари профит, туку во координација со Центарот за управување со кризи, да ги заштити околните населени места во одредени критични моменти.                                                                       

АД „Електрани на Македонија”

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ