• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Министерство за транспорт: Не сме организатори на каква било забава на автопатот Демир Капија Смоквица

Скопје, 24 април 2018

Во однос на информациите објавени по електронските медиуми и социјалните мрежи, а кои се однесува на некаква забава на делови на автопатот Демир Капија-Смоквица, сакаме да појасниме дека Министерството за транспорт и врски се оградува од секаква активност поврзана со овие информации.

Исто така сакаме да Ве информираме дека ниту Министерството за транспорт и врски ниту друга државна институција не е организатор на било каква забава.

Во однос на сите други информации, Ве упатуваме да се обратите до Изведувачот на проектот.

Автопатската делница Демир Капија – Смоквица е целосно завршена и од денеска ќе биде пуштена во сообраќај за секаков вид на возила. 

Министерството за транспорт и врски е одговорна и транспарентна институција, која единствена цел е да обезбеди квалитетни услуги во рамките на своите надлежности.

Министерство за транспорт и врски

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ