• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

Работилница за можностите за кредитирање на мали и средни претпријатија и граѓански организации

Скопје, 26 април 2018

Вчера, во Стопанската комора на Република Македонија во организација на Фондацијата за развој на мали и средни претприемништва Скопје се одржа Работилница за можностите за кредитирање на мали и средни претпријатија и граѓански организации при користење на средства од Европската унија. 

На оваа работилница се презентираа идеи за јакнење на капацитетите и механизмите за поддршка на реформскиот процес во Поглавје 20.

Без презентирани анализи, врз основа на кои се утврди дека македонските компании не ги користат средствата кои им ги нудат европските фондови. Од таму и произлезе потребата од оваа работилница.

Главна цел на овој проект е подобрено бизнис окружување и олеснување на пристапот до финансии преку воведување нови финансиски инструменти за поддршка на мали и средни претпријатија за успешно користење на средствата од програмите на ЕУ наменети за развој на мали и средни претпријатија.

Како резултат на оваа работилница и проект поставени се дизајнирани нови банкарски пакети за мали и средни претпријатија и за давателите на услуги на мали и средни претпријатија за сите фази на проектното менаџирање и тоа: кредитни линии за финансирање на активностите во фаза на подготовка на проекти за финансирање од програмите на ЕУ, со цел финансиска поддршка на МСП во фазата на подготовка на проектите, односно трошоци за консултантски услуги, за патување на средби со партнери на проектот, обезбедување на потребна документација и сл., за реализација на проекти во фазите на почетно финансирање на проектните активности и во периоди кога поради динамиката на прилив на средства  од одобрените проекти фирмите мораат да вложуваат сопствени средства; за кофинансирање на проекти одобрени од ЕУ програмите бидејќи во целиот период на имплементација МСП мора да вложуваат и сопствени средства  кои во некои од програмите се 50% од вредноста на проектот. Исто така отпочнати се постапки за ревитализација на претходно постоечка кредитно-гарантна шема во рамките на МБПР и дефинирани процедури за секој финансиски инструмент и организациска шема за нивна реализација, и за потпишување на договори за стратешко партнерство на банките и/или дел од нив и давателите на услуги на МСП за соработка и креирање на ЕУ пулт за поддршка на проекти за МСП во насока на дефинирање на обврските и надлежностите на сите субјекти учесници.

Кабинет на министер проф. д-р Зоран Шапуриќ

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...