Македонија се подготвува за пречек на зголемен број кинески туристи

Скопје, 26 април 2018

Туристичката индустрија е еден од носечките инструменти кој помага во зајакнување на регионалната соработка, стимулирање на економската активност и засилување на инвестициите во туризмот.

Зајакнување на соработката помеѓу земјите од Балканот значи одржлив економски развој на регионот, кој во глобални рамки е и најважната цел на иницијативата “Патот на свилата”.

Под оваа иницијатива се организира тридневна конференција во Дубровник (24-26 април) која има за цел зајакнување на регионалната соработка и одржлив економски развој, а на која присуствува делегација од Република Македонија предводена од државниот советник за туризам од Министерство за Економија, г-дин Шовкет Хазари, г-дин Зоран Николовски од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот и г-дин Аркан Керим од Сојузот на стопански комори.

На конференција на која учестуваат преку 100 учесници од Кина и од Балканот, делегацијата од Македонија оствари средба г-дин Ли Жонгаханг, заменик претседател на Комората за Патот на свилата (комора која брои 119 членки од Кина и од 42 други држави), кој повика на здружување на Македонија и сите нејзини чинители во туризмот со нивната комора и поврзување на што поголем број на туристички агенции и инвеститори.

За време на конференцијата остварени се средби со државниот секретар на министерството за животна средина и туризам на Црна Гора, г-дин Дамир Давидович и г-дин Зденко Лучич, Директор на Хрватската агенција за инвестиции, со кои се разговараше за поголема соработка на Македонија со двете држави на полето на туризмот, при што беа разменети искуства и идеи за поттикнување на регионалната соработна на овие земји и нивно насочување кој државите од далечниот исток, со акцент на НР Кина.

Агенција за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ