• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

„Ој девојче, девојче... испеана на сите јазици на земјите учесници на Процесот Брдо Бриони

„Ој девојче, девојче... испеана на сите јазици на земјите учесници на Процесот Брдо Бриони

29 април 2018

По завршувањето на Состанокот на лидерите од Процесот Брдо Бриони во петокот вечерта, во хотелот Парк, претседателот Иванов беше домаќин на вечерата за претседателите и нивните делегации. На вечерата присуствуваа претседателите на Хрватска, Колинда Грабар Ќитаровиќ, на Словенија Борут Пахор, на Црна Гора Филип Вујановиќ, на Албанија Илир Мета, како и претседавачот со претседателството на Босна и Херцеговина, Бакир Изетбеговиќ, претседателот на Европскиот Совет, Доналд Туск и премиерот на Република Бугарија, Бојко Борисов.

За високите гости беше подготвено врвно мени со традиционални македонски специјалитети, a за пријатната атмосфера на вечерата се погрижи етно бендот Баклава којшто на гостите им приреди пријатно изненадување со изведбата на песната „Ој, девојче, девојче“ на сите јазици на земјите учесници на состанокот на лидери од процесот Брдо Бриони, одржан во Скопје.

баклава етно бенд

Во знак на внимание, а согласно протоколот,  претседателите добија подароци од домаќинот, македонскиот претседател на вечерата: палета на гурмански производи од македонското поднебје, меѓу кои и македонски ајвар, колекција на чаеви, македонски мед, македонски вина брендирани со имињата на претседателите, а меѓу подароците се најде и англиската едиција на книгата „Душата на Македонија“. 

 Кабинет на Претседателот на Република Македонија

_________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ