Демант од МВР за исхраната на припадниците на ЕБР

Скопје, 4 мај 2018

Министерството за внатрешни работи категорично ги отфрла политикантските и неточни тврдења изнесени денес во јавноста од страна на политичка партија за наводната несоодветна исхрана на припадниците на Единицата за брзо распоредување. Министерството за внатрешни работи е државна институција, која работи во интерес единатвено на граѓаните. Оттука, во интерес на вистината и точното информирање на јавноста МВР е должна да го соопшти следното:

Состојбата со исхраната на припадниците на посебните единици, денес, во споредба со до пред две години, согласно сите нутриционистички и други параметри е неспоредливо подобра и поквалитетна во секој поглед.

Oколу неисплатените прекувремени работни часови јавноста и граѓаните треба да знаат дека претходните законски и други подзаконски решенија, донесени пред неколку години што се уште се во правна сила, а во врска со прекувремената работа, до овој момент буџетот на Министерството го чинат речиси 20 милиони евра, пари на граѓаните изгубени во судски спорови по основ на неисплатени работни часови. Независно што сега интензивно се работи на точните проценки на разните видови штети од таквиот најблаго кажано недомаќински третман со јавните пари, актуелното раководство на МВР отвори процес на сеопфатно решавање на овој проблем кое што не би било ниту на штета на буџетот на министерството ниту на штета на вработените.

Министерство за внатрешни работи

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Британски математичар тврди дека пронашол решение за проблем стар 160 години

Еден од најистакнатите британски математичари, Мај...

Познатиот професионален убиец на ТВ екраните стана модна икона

Ѕвездата од новата ТВ серија „Убиствената Ив“, ист...

Премиерката на Нов Зеланд и нејзиното бебе - хит во ОН

Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, која ов...

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...