• A-
  • A
  • A+
среда, 26 септември 2018, 

Честитка од Џафери по повод Денот на полицијата

7 мај 2018 

Почитувани припадници на полициските сили на Република Македонија

Имам чест и задоволство, во мое лично име и од името на пратениците во Собранието на Република Македонија, да Ви го честитам 7 - ми Мај, Денот на полицијата на Република Македонија.

Министерството за внатрешни работи, полициските и безбедносните служби во нејзини рамки навистина имаат тешка меѓутоа во исто време и благородна должност. Тие се столбот кој што го штити Уставот, ги спроведува законите и ја чува и негува демократијата. При тоа, го ставаат во залог својот живот и својата безбедност. Тие се првите кон кои се упатува погледот на нашите граѓани при каква и да е опасност. Товарот што го носат не е лесен, и ние, како законодавен дом правиме се што е во наша моќ, полициските и безбедносните служби на Република Македонија да имаат можност да станат навистина западноевропски професионални служби кои ќе бидат во секое време во служба на сите наши граѓани, без оглед на нивната етничка, верска или политичка припадност, а граѓаните во нив ќе гледаат свој пријател и заштитник.

Со донесувањето на реформските закони и со овозможување на истите да се спроведуваат во нивниот вистински реформски дух, нашата земја ќе се приближи уште повеќе кон европските вредности и европската иднина, ќе стане вистински демократска, силна, модерна и европска Република Македонија, таква каква што и заслужуваат нашите граѓани.
Уште еднаш, нека е честит Денот на полицијата и направете не горди со вашата посветеност и одговорност при извршувањето на оваа важна должност!

Со почит

Претседател на Собранието на РМ

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Кина ќе ги проучува поларните области на Месечината

Кина има намера до 2030 да испрати апарат кој ќе г...

Казна за непристојните во градскиот превоз

Многумина, поготово момчињата имаат навика во авто...

Мел Гибсон снима преработка на „Дивата орда“

Познатиот глумец и режисер Мел Гибсон ја подготвув...

Почина уште еден актер од серијата „Синови на анархијата“, втор во три месеци

Глумецот Пол Џон Васкез, кој е познат по улогата в...

Вили на Босфорот се продаваат за цени и до 100 милиони долари

Шеесет луксузни вили на Босфорот, т.е. во Истанбул...