• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

Лекарска комора: Да се избегнува практиката на објавување имиња и презимиња на доктори за кои се поведува некаква постапка

Скопје, 9 мај 2018 

Лекарската комора на Македонија во името на сите доктори искрено жали за смртта на Тамара и сочувствува со болката на семјството Димовски. Меѓутоа, како професионална асоцијација, во исто време, има обврска кон пациентите и кон докторите да инсиситира конечно јавноста да биде запознена со целосната вистина за овој случај. Комората смета дека за сите недостатоци и проблеми во здравствениот систем не може да бидат одговорни единствено докторите, особено не за погрешните политики во здравството.

Лекарската комора на Македонија и во оваа прилика апелира на неопходноста да се почитува пресумпција на невиност и да се избегнува практиката на објавување на комплетните имиња и презимиња на доктори за кои се поведува некаква постапка пред надлежните институции .

Сметаме дека овластените институции на системот без влијанија и пристисоци треба да си ги извршуваат своите задачи. Ваквите појави внесуваат голема конфузија и го рушат угледот и достоинството на докторите. Секое објавување на името на оние за кои е покрената истражна или друга постака е прејудицирање на вината и со право може да се смета дека е форма на притисок врз надлежните институции и јавноста, искривувајќи ја сликата за вистината.

Комората го подржува навременото, објективното и аналитичко информирање на јавноста за сите настани и појави во здравството, но не и предвремената јавна осуда на инволвираните лица и институции, поаѓајќи од неприкосновеното правило за тоа дека секој е невин додека со правосилана судска одлука не се докаже дека е виновен.

Особено кога докторите кои се обвинети во слуајот, што трае повеќе од 40 месеци, инфромација ја добиваат од медиумите без притоа да го имаат приемно обвиненитето со листата на докази. Притоа останува отворена дилемата на прашањето што се случуваше во тој период?!

Од тие причини Лекарската комора на Македонија како професионално асоцијација која се грижи за угледот и достоинството на докторската професија најосторо реагира на постапката за објавата и на поднесеното обвинение против 12 лица во врска со случајот Тамара.

Лекарската Комора на Македонија

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...