• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

Регионална платформа: Неопходно е да се истражи кој и по чија наредба пукаше во Оливера Лакиќ

Подгорица, 10 мај 2018

Регионалната платформа на Западен Балкан за застапување на слободата на медиумите и безбедноста на новинарите која застапува повеќе од 8000 членови, остро го осудува бруталниот напад на новинарката од дневниот весник „Вјeсти“ Оливера Лакиќ, која беше ранета во ногата пред влезот на својот дом.

Според „Вијести“ на 8 мај, Лакиќ рекла дека непознат маж и пришол близу влезот на зградата каде што живее, и ја застрелал во нога. Таа забележаа и двајца други мажи кои бегале од местото на настанот. Куршумот поминал низ нејзината десна нога и Лакиќ е надвор од животна опасност.

Оливера Лакиќ е најчесто напаѓан новинар во Црна Гора: Во март 2012 година таа беше претепана пред влезот на нејзиниот дом, а една година пред тоа доби две закани за серија на написи кои разоткриваат наводно нелегално производство и шверц на цигари. Во 2014 година таа, исто така, доби закани од лица блиски до човекот кој ја нападнал во 2012 година. Властите на Црна Гора, ги осудија повеќето од лицата кои и се закануваа на Лакиќ, но никогаш не истражија до крај кој беше нарачател на овие закани и напади. Дополнително, Лакиќ тврди дека шверцот на цигари не е во целост истражен.

„Иднината на медиумскиот сектор во Црна Гора зависи од разрешницата на овој случај. Доколку тој остане нерасветлен, новинарите треба сериозно да започнат да размислуваат за алтернативни начини за заштита на своите животи и професионален интегритет“, истакна Маријана Чамовиќ, Претседател на Медиумскиот синдикат на Црна Гора, и заклучи дека државата не смее да биде синоним за место каде што куршумите претставуваат закана за слободата на говорот.

Нападот врз Лакиќ е трет по ред од серијата напади и закани против новинари во 2018 година, и десетти од почетокот на 2017 година. Поголемиот број од нападите се уште се нерасчистени. Никој од полицијата и обвинителството нема преземено одговорност.

Регионалната платформа ги поздравува осудите на нападот врз Лакиќ од страна на надлежните институции на Црна Гора, но истовремено ги охрабрува да преземат дополнителни мерки и да ги идентификуваат и казнат напаѓачите, но уште поважно да се казнат и нарачателите овој страшен напад.

Секој напад врз новинар претставува напад врз јавниот интерес, демократијата и правата на граѓаните.

Скопје – Белград – Подгорица – Приштина – Сараево – Загреб, 10.05.2018.

BH Journalists Association
Trade Union of Media of Montenegro
Croatian Journalists’ Association
Association of Journalists of Kosovo
Association o.f Journalists of Macedonia
Independent Journalists Association Serbia

Здружение на новинарите на Македонија
Association of Journalists of Macedonia

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ