МЖСПП: Контролата во Секторот отпад во редовните обврски на Управата за финансиска полиција


10 мај 2018

Министерството за животна средина и просторно планирање, со цел да се избегнат шпекулации со кои се нарушува угледот на институцијата, ја информира јавноста дека контролата извршена во Секторот отпад на Министерството за животна средина и просторно планирање  е во рамките на редовните работни обврски на  Управата за финансиска полиција.

При контролата, направен е увид во документацијата која се однесува на колективни постапувачи со отпад и побараната предметна документација е уредно доставена на увид од страна на надлежните служби во Министерството.

 

Министерството за животна средина и просторно планирање е транспарентно во својата работа и е отворено за соработка со сите институции.

       Министерство за животна средина и просторно  планирање

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ