Писмен демант за прилог со наслов „Финансиска полиција влезе на клиниките за хематологија и ревматологија“ на ТВ Нова

Скопје, 11 мај 2018 

Земајќи предвид дека на Вашиот медиум објавивте прилог со наслов „Финансиска полиција влегла на клиниките за хематологија и ревматологија“ со кој тврдите дека цел на инспекторите била некаква последна набавка на лекот “Мабтера” кој според вас била донесена со паралелен увоз по интервентна постапка, обврска на менаџментот и стручниот колегиум на ЈЗУ Универзитетска клиника за хематологија да реагираме на овие погрешни наводи кои внесуваат страв и паника кај нашите пациенти и го нарушуваат нашиот углед и угледот на јавното здравство генерално.

Прво, во интерес на објективно информирање на јавноста на ЈЗУ Универзитетската Клиника за хематологија не е влезена Финансиска полиција.

Второ, на нашата клиника воопшто не е извршена набавка на споменатиот лек во вашиот прилог.

Трето, лекот “Rituximab-Мабтера”- кој во моментот се аплицира на нашата Клиника е добиен според регуларна отворена постапка- меѓународен тендер бр. 4/2017 од 29.06.2017. Истиот се увезува според паралелен увоз и дистрибутерот уредно ја доставува целата потребна документација и дозволи од МАЛМЕД, согласно на законските барања.  Стручниот колегиум не се сомнева во квалитетот на лекот бидејки е од оригинален производител, до сега не се евидентирани несакани реакции, ниту има поместување во очекуваните резултати од лекувањето. Не сме имале ни поплака од ниту еден пациент поради дистрибутивниот ланец кој се користи за да се донесе лекот.

Четврто, жалиме што повторно истиот автор, на сличен начин како пред два месеци, го злоупотребува вашиот медиум да шири дезинформации кои очигледно ги добива од “извор” кој има сомнителни мотиви да го напаѓа реномето на нашата клиника, директно наштетувајќи им на пациентите и го руши угледот на јавното здарвство генерално. Најмалку што очекување во раките на истражувачкото новинарство е  авторот на текстот да оствари  комуникација со официјален претставник од клиниката, со што би помогнале во објективното информирање на јавноста.                       

Претпоставувајќи дека како медиум сте свесни за одговорноста што ја имате за начинот на кој ја информирате јавноста, особено за здравствените услуги и квалитетот на лековите, бараме заради објективност и во интерес на вистината овој писмен демант да го објавите интегрално во законски предвидениот рок утврден во Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета. Дополнително, заради ублажување на штетата која ваквите прилози им ја нанесуваат на пациентите, во најмала рака би било професионално и пристојно уредувачкиот тим на ТВ Нова јавно да се извини и огради од дезинформациите кои некој упорно се труди да ги пласира.

11.05.2018 Скопје 

Вон,Проф.Д-р Ирина Пановска-Ставридис, Медицински Директор 

Маја Дерменџиев, Органзациски Директор       

ЈЗУ Универзитетска клиника за хематологија – Скопје

 

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

                                               

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ