• A-
  • A
  • A+
вторник, 18 септември 2018, 

Реакција на Владата за тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ за фирмата „Тотал Инженеринг“

Реакција на Владата за тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ за фирмата „Тотал Инженеринг“

Скопје, 11 мај 2018

Првиот договор фирмата Тотал Инженеринг ДООЕЛ Струмица со Владата на Република Македонија го има потпишано во 2015 година, во времето кога премиер на владата беше Никола Груевски

Тој договор бил за истражување на минерална суровина – глина, во с. Дукатино“, Општина Василево.

Следствено на постапката за доделување концесии за експлоатација на минерални суровини, која се практикува со сите концесионери, Владата на Република Македонија, на 65 седница одржана на 24.04.2018, по претходно утврдена постапка во која се запазени сите законски и правни регулативи и се добиени позитивни мислења од сите надлежни институции, ја усвои одлуката да се додели концесија и за експлоатација на минерална суровина – глина на фирмата ТОТАЛ ИНЖЕНЕРИНГ ДООЕЛ Струмица на локалитетот “с. Дукатино“, Општина Василево.

Владата на Република Македонија ја има донесено одлуката по претходна постапка во која се исполнети сите правни предуслови за позитивен одговор во однос на добивање на концесијата.

Позитивно мислење е добиено од сите надлежни институции и тоа: Министерство за транспорт и врски, Министерство за култура, Општина Василево, Управа за заштита на културно наследство, Министерство за финансии и Министерство за животна средина.

По завршување на претходната постапка, Министерство за економија ја ставило одлуката на дневен ред и истата е усвоена.

Записникот од 65 седница ќе биде јавно објавен во согласност со вообичаената пракса и процедура после неговото усвојување на некоја од наредните седници на влада.

Објавувањето на одлуката во службен весник е исто така вообичаена пракса и процедура независно од постапката за објавување на сублимарниот записник од владините седници.

Влада на Република Македонија

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ