Известување на Министерството за здравство до специјалистите стоматолози

20 мај 2018 

Првпат од воспоставување на мрежата, таа се проширува со склучување на нови договори со заинтересирани ординации, во рамки на буџетот со кои располагаме во моментов.

Тендерската документација е при крај и слободните места ќе ги објавиме до крајот на следната недела.

Мрежата за ортодонција ќе се прошири со по едно слободно место во сите 8 региони и со единственото слободно место по протетика.

По овој бран на проширување на мрежата ќе се работи на нов модел на проширување, кое ќе следи по ребалансот на буџетот, а во договор со ФЗОМ.

Ова остварување на ветување следи по состанокот со специјалистите стоматолози во изминативе неколку недели.


Одделение за односи со јавност, Министерство за здрасвтво

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ