• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

Премиерот Заев на 25-годишнината од матурирањето во струмичката гимназија

2 јуни 2018 

Зоран Заев го заврши средното образование во струмичката гимназија како одличен ученик, скромно и вредно момче. Се врати денеска, после 25 години од матурирањето, како претседател на Владата на Република Македонија. Среќата од заедничката средба, премиерот и неговите соученици и професори, ја споделија во училишниот двор и во училницата во која поминаа заедно четири години. Таму, со класната раководителка Билјана Витанова, се потсетија на средношколските денови, но и на годините потоа, од професионалниот и личниот живот.

Денеска, посебно среќна беше професорката Витанова.

- Горда сум на целата генерација, но посебно на мојот ученик Зоран Заев, кој што денеска е претседател на Владата на Република Македонија. Се гордеам со него и како човек и како политичар. Тој е најдобриот и најуспешниот ученик во мојот 40-годишен работен стаж во образовниот систем, рече Витанова.

По завршувањето на класниот час, премиерот Заев со своите соученици и класната раководителка, дружењето го продолжија во едно од струмичките кафулиња.

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, беше ученик во средното општинско училиште „Јане Сандански“ во Струмица во генерацијата 1989 – 1993 година.

Влада на Република Македонија 

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ