• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Владата ќе го достави предлог-законот за ратификација на договорот со Република Грција

Скопје, 18 јуни 2018 

На денешната, редовна 74 седница, Владата на Република Македонија го разгледа и усвои Предлог - закон за ратификација на Конечната спогодба за решавање на разликата како што е опишана во резолуциите на Советот за безбедност на Обединетите нации 817 (1993) и 845 (1993), престанување на Времената спогодба од 1995 година и воспоставување на стратешко партнерство помеѓу страните, на предлог на Министерството за надворешни работи.

Предлог-законот за ратификација ќе биде доставен до Собранието на Република Македонија со европско знаме.

На денешната седница на владата усвоена е одлука за разрешување на директорот на КПУ Прилеп, Слободанчо Ристески.

Влада на Република Македонија

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ