Усвоен Статутот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“

Скопје, 26 јуни 2018 

Заради објективно информирање, ја известувам јавноста дека на 26. јуни 2018 година, Сенатот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје, со еден воздржан глас го усвои Статутот на Универзитетот сообразен со новиот Закон за високото образование.

Во постапката за негово донесување претходеа опсежни дискусии на факултетите и научните институти чии забелешки и предлози во најголем дел беа прифатени, да потоа и од страна на Ректорската управа од 33 присутни Статутот беше прифатен само со еден глас воздржан.

Во текот на Сенатската седница, за поднесените амандмани се водеше расправа и се гласаше за секој амандман поединечно, и интегралниот текст, со еден глас воздржан, беше изгласан од 60 сенатори.

Се заблагодарувам на целата академска јавност за активното учество и конструктивниот придонес во изготвување на текстот на Статутот на нашиот Универзитет. Со тоа УКИМ ја покажа својата хомогеност и обединетост при одлучувањето за стратешките прашања на Универзитетот.

Истовремено сакам да го изразам моето задоволство дека Универзитетот ги испочитува кратките рокови дадени во новиот Закон за високо образование  за донесување на статутите на универзитетите, имајќи ги предвид секако, претстојните летни одмори на членовите во органите и телата на УКИМ, на целата академска заедница на УКИМ и на Собранието на Република Македонија.

Проф. д-р Никола Јанкуловски

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...