• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Максути на Рос-Рот семинарот: За Македонија, безбедноста и просперитетот се синоними за членството во НАТО и ЕУ

Максути на Рос-Рот семинарот: За Македонија, безбедноста и просперитетот се синоними за членството во НАТО и ЕУ

28 јуни 2018

Македонија дава големо значење на евроатлантските интеграции, кои се најважните одбранбени и надворешно-политички цели и на Владата. Горд сум што во многу краток период ние добивме позитивни коментари и поддршка од НАТО и од соседните земји за членство во Алијансата и во Унијата“, рече заменик-министерот за одбрана, Беким Максути на четвртата сесија на семинарот Рос-Рот, насловена „Земји-НАТО-Аспиранти од Западниот Балкан: Патот Напред“.

Заменик-министерот истакна дека евроатлантската интеграција на Македонија е синоним за безбедност и просперитет и дека таа е предмет на меѓуетнички и политички консензус во државата. Максути додаде дека интеграциските процеси се и патоказ, но и водечка сила во реформските зафати.

- Поттикнавме една позитивна атмосфера и навлеговме во реформските процеси со решителност и одлучност. Повторно воспоставивме добрососедски односи и регионална соработка, демонстрирајќи дека споровите и разликите на Балканот можат да се решат на европски начин, а договорот со Грција е последниот позитивен пример за тоа, рече Максути.

Во однос на одбраната, заменик-министерот истакна дека Владата донесе одлука за сукцесивно зголемување на одбранбениот буџет за 0,2 процентни поени секоја година, до нивото препорачано од Алијансата, но и дека во рамки на Министерството интензивно се работи на донесувањето на клучниот документ кој ќе биде водилка во развојот на Армијата и Министерството, Стратегискиот одбранбен преглед. Тој документ, рече Максути, е важен за да утврдиме една долгорочна визија за развој на одбраната.

Заменик-министерот истакна дека приемот на Македонија во Алијансата позитивно ќе влијае на економската состојба, факт кој е видлив и преку искуствата на земјите кои веќе станаа дел од НАТО, како Словачка, Чешка, Романија, Бугарија и Албанија. „Безбедноста и економската состојба не се две различни полиња, зашто токму безбедноста и стабилноста се базични потреби за економски развој и позитивна инвестициска клима“, заклучи Максути.

Семинарот Рос-Рот е во организација на Парламентарното собрание на НАТО, во соработка со Собранието на Република Македонија. Темата на семинарот е Евроатлантската интеграција на Западниот Балкан како зајакнување на Европскиот мировен проект. Семинарот е дел од Рос-Рот програмата која има за цел да ја промовира парламентарната свесност, принципите на демократска контрола на вооружените сили и да развие ефективен надзор врз одбраната и вооружените сили.

Заменик-министер за одбрана Беким Максути

Министерство за одбрана

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Се вљубил на прв поглед, му го дала бројот, а потоа му го украле телефонот

Британецот Ден Милингтон на Ибица запознал девојка...

Kолумбиjа затвори музеј на Пабло Ескобар

Колумбискиот град Меделин, во соработка со миграци...

Во Лас Вегас се отвора музеј на марихуаната

Музеј на марихуаната денеска ќе биде отворен во „г...

Ким Џонг-ун му подари два тона печурки на својот јужнокорејски колега

Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, му подари ...

Брус Гринвуд ќе глуми во продолжението на „Сјаење"

Холивудскиот ветеран Брус Гринвуд ќе има своја уло...