Нема да има прифатен центар за странци во Карпош

Нема да има прифатен центар за странци во Карпош

Скопје, 30 јуни 2018 

Општина Карпош, до овој момент, нема примено никаков допис во вид на Барање информации и податоци за доставување државна урбанистичко - планска документација за прифатен центар за странци во Бардовци, од страна на Агенцијата за планирање на просторот.

Целосно ги демантираме информациите кои се пласираа на социјалните мрежи дека ваков прифатен центар ќе се гради во Бардовци.

Општина Карпош исклучиво опстојува на определбата за плански развој на локалната самоуправа, а прифатниот центар за странци не е дел од планот за развој на Бардовци или на било кој друг дел од Карпош.

Одделение за односи со јавноста Општина Карпош

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ