• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

Трошоци на директорот на АВМУ за првата половина на 2018 година

Скопје 2 јули 2018

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги согласно заложбите за отворено и транспарентно работење и иницијативата на Владата на РМ за отчетност за трошоците на носителите на јавни функции ја известува јавноста за трошоците на директорот на Агенцијата, д-р Зоран Трајчевски за периодот од 1 јануари до 30 јуни 2018 годин.

Директорот Трајчевски, при вршење на својата функција, во првата половина на годинава има направено трошоци во вкупен износ од 223.527,00 денари и тоа по следните ставки:

- при патувања во странство – 151.025,00 денари, од кои:

- за авионски билети – 90.016,00  денари,

- за хотелско сместување – 61.009,00 денари

- трошоци за репрезентација во Република Македонија55.630,00 денари од кои:

- угостителски услуги со претставници на регионални регулаторни тела за медиуми – 24.790,00 денари

- други угостителски услуги – 30.840,00 денари

- за службен мобилен телефон – 16.872,00 денари

Ова е втор извештај на Агенцијата за трошоците на директорот. Истовремено, потсетуваме дека Агенцијата отчет за своето работење, во вид на годишни извештаи доставува до Собранието на Република Македонија. Истите се објавуваат на веб страницата на Агенцијата.

 Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на РМ

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

                                                                               

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ