• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

Втора средба на надлежните институции за решавање на проблемите со Центарот за превенција и третман на зависности од дроги

Скопје, 27 јули 2018 

Како резултат на иницијативата на Градоначалникот на Општина Кисела Вода, произлезе конструктивна соработка и партнерство со сите институции кои имаат ингеренции и надлежности за надминување на проблемот кој со години го имаат жителите на Кисела Вода, поврзан со Центарот за превенција и третман на зависности од дроги.

Општината Кисела Вода постапи по договореното и ветеното од првата одржана средба и во заедничка организација со Министерството за здравство, во нивни простории, на ден 27.07.2018 година, петок, во 08:30 часот, се одржа втората средба, на ден 27.07.2018 година, на која беа поканети и присутни и претставниците од:

-  ЈЗУ Психијатриска Болница Скопје;

-  Центар за превенција и третман на зависност од дроги Кисела Вода;

- ЈЗУ Здравствен дом Скопје;

- Универзитетска клиника за психијатрија Скопје;

- Министерство за труд и социјална политика;

- Министерство за правда- Управа за извршување на санкции;

-  Академија за судии и јавни обвинители;

- Заедницата на единиците на локалната самоуправа на република Македонија-ЗЕЛС;

- Град Скопје - Одделение за социјална, детска и здравствена заштита;

- МВР на РМ – СВР Скопје;

- МВР на РМ - ПС Кисела Вода;

- МВР на РМ – Одделение за недозволена трговија;

- Здружение на граѓани ХОПС;

- Здружение на граѓани ДОВЕРБА;

- Фондација РЕТО НАДЕЖ;

-  Здружение на граѓани АРМАИТА;

- Тераписка заедница ПОКРОВ;

- Рубенс Муратовски и Методија Тотиќ – претставници на жители;

На средбата, Министерството за здравство, согласно нивните анализи, ги објави заклучоците за конкретните, краткорочно/среднорочни мерки, кои ќе се реализираат во конкретен рок од четири месеци. Истите се:

· Краткорочно/среднорочни мерки

-Дисперзија на корисниците на метадонската терапија во нови центри,

-Соодветно прилагодување на начинот на давање на терапијата, преку реорганизација на системот на делување и обемот и стручноста на персоналот.

Беше објавена и долгорочна мерка – Отворање на нов Центар за превенција и третман на зависности од дроги, по европски терк, на соодветна локација, кој ќе делува централно како единствен центар. За истата, дополнително ќе се определи рок за реализација.

После објавувањето на мерките, следеше дискусија, од која, од страна на присутните, произлезе позитивен заклучок и одобрување на реализација на мерките, чии детали ќе се прилагодуваат и прецизираат преку продолжување на заедничката соработка. Особено задоволство за мерките и предвидените рокови за реализација искажаа претставниците на жителите на општината.

Општина Кисела Вода

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ