• A-
  • A
  • A+
среда, 26 септември 2018, 

Централен регистар: Тендерот за набавка на возила согласно Законот за јавни набавки

Централен регистар: Тендерот за набавка на возила согласно Законот за јавни набавки

29 јули 2018

Во врска со информациите на некои медиуми за постапката на избор за најповолен понудувач за набавка на 11 моторни возила, Ве информираме дека Централниот регистар на Република Македонија по законски распишаниот оглас во мај оваа година, за набавка на 10 лесни и 1 товарно моторно возило за потребите на институцијата која во моментов користи и возила постари од 20 години, а согласно законот за јавни набавки, закажа електронска аукција за операторите кои ги задоволија критериумите специфицирани во техничката спецификација. По спроведената аукција со негативно електронско наддавање преку ЕСЈН, за најповолна ја избра понудата на споменатиот економски оператор.

На распишаниот тендер конкурираа повеќе економски оператори. За оние кои ги задоволија критериумите, уредно и законски беше закажана е-аукција.

За спроведување на тендерската постапка, Централен регистар формираше и соодветна комисија, согласно сите законски прописи за јавни набавки.

Со почит,

Централен регистар на Република Македонија

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Кина ќе ги проучува поларните области на Месечината

Кина има намера до 2030 да испрати апарат кој ќе г...

Казна за непристојните во градскиот превоз

Многумина, поготово момчињата имаат навика во авто...

Мел Гибсон снима преработка на „Дивата орда“

Познатиот глумец и режисер Мел Гибсон ја подготвув...

Почина уште еден актер од серијата „Синови на анархијата“, втор во три месеци

Глумецот Пол Џон Васкез, кој е познат по улогата в...

Вили на Босфорот се продаваат за цени и до 100 милиони долари

Шеесет луксузни вили на Босфорот, т.е. во Истанбул...