• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Реакција на Де Лукс-ауто: Никогаш немаме дадено донација на партијата СДСМ

31 јули 2018

По бројни шпекулации во јавноста изминатиот период, сакам да објасним и да ја информирам јавноста за вистината на работењето на мојата фирма Де Лукс - Ауто.

Имено, фирмата работи и опстојува на пазарот веќе десет години. Фирма со високо реноме за услугите што ги врши.Јас Спасовски Бобан сопственик на фирмата Де лукс-Ауто не сум член на ниту една политичка партија.

Што се однесува до донациите , Фирма Де Лукс-ауто никогаш нема дадено донација на партијата СДСМ ,како што се презентира во јавноста. Износот од 12000 денари што се споменува е попуст на дадена услуга при сервисирање на возила, што како фирма го даваме и на други општествени и стопански субјекти.
Одговорно тврдим дека на сите јавни набавки на кои сме учествуавле се единствено од економски причини и дека други причини нема и нема да има. Никаде немаме направено пропусти во процедурата за спроведување на јавните набавки, па затоа ги повикувам сите надлежни институции да ја проверат исправноста на постапките каде имаме учествувано. Се со една цел да се прекинат овие инсинуации и небулози од страна на определени политички субјекти.
На тој начин, би се заштитил мојот личен интегритет како и интегритетот на моето семејство и вработените на оваа фирма која важи за една од посериозни од оваа област во Р.Македонија и пошироко.
Сакам да истакнам дека оваа нема да ме спречи со сите регуларни средства да продолжам да се борам на пазарот во областа во која Де лукс-ауто има свој интерс. Професионалноста на нашие услуги ќе ја задржиме и понатаму, без разлика која политичка партија е на власт.


Бобан Спасовски, сопственик на Де лукс-ауто Куманово

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ