• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

Премиерот Зоран Заев на чествување 115 години од Илинденското востание во Благоевград

2 август 2018 

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев и Претседателот на Владата на Република Бугарија Бојко Борисов денеска во Благоевград, Бугарија заеднички ја чествуваа 115 – годишнината од Илинденското востание.

Премиерите Заев и Борисов оддржаа билатерална средба пред почетокот на свеченоста, придружувани од Заменик претседателот на Владата и Министер за внатрешни работи Оливер Спасовски и Заменик претседателот на Министерскиот Совет и Министер за одбрана на Бугарија Красимир Каракачанов.

Денешната средба на премиерите Заев и Борисов се поклопува со првата годишнина од потпишувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка помеѓу двете земји во Скопје на Илинден, 2 Август минатата година.

На средбата двајцата премиери ги потврдија заложбите за градење на заедничка иднина за граѓаните на двете земји, надминување на разликите, зајакнување на економскита соработка како процеси кои ќе донесат стабилност и просперитет за целиот регион.

Свечената церемонија се одвиваше на Плоштадот „Македонија“ пред споменикот на великанот од илинденскиот период „Гоце Делчев“.

Премиерот Заев во своето обраќање ги потенцираше вредносните пораки за евро-интеграција од значење за граѓаните на двете земји:

„Историјата и минатото ги ставивме да бидат цврсти темели на коишто почнавме да ја градиме европската и евро-атлантската иднина на на нашите држави, на нашите народи и на целиот регион. Само тоа води до квалитетен живот.
Денес кога се поклонуваме пред загинатите за слободна иднина, со чист образ можеме да изговориме, дека и нашите генерации, минаа низ предизвиците и се бореа за право, за слобода и за човечки живот!
Република Македонија и Република Бугарија се здружија, си ги подадоа раце за да ги развиваме нашите односи.

 По официјалните обраќања двајцата премиерите Заев и Борисов положија свежо цвеќе на споменикот на „Гоце Делчев“ – на централниот плоштад Македонија во Благоевград.

 

Влада на Република Македонија 

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...