Царината заплени медицински материјали, очила, фалификати...

Скопје, 6 август 2018

Во текот на минатите две недели, царинските службеници спречија повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани офталмолошки производи, очила со диоптер, моторцикли, делови за машина за конфекција, автоделови, облека, шноли, стегачи за коса, карти за играње, парфеми, рачни часовници, етикети, гумени чизми, црева за хидранти, туш батерии и фалсификати.

Задржана е следната стока:

Офталмолошки производи

- 394 офталмолошки производи и инструменти и материјали за очна хирургија (леќи, сетови за имплантација на леќи, гелови, сетови за катаракта, медицински ножици, пинцети, инјектори, фластери, медицински фломастери, тампони и друго), откриени на Интернационалниот Аеродром Скопје, при контрола на патните торби на хрватски државјанин кој допатувал со лет од Загреб. Непријавените производи се привремено задржани а против патникот ќе биде поведена прекршочна постапка.

- 93 пара очила со диоптер, откриени при контрола на македонски автомобил со кој за влез во државата, на граничниот премин Богородица, се пријавиле тројца македонски државјани. Непријавените производи биле пронајдени под возачкото и совозачкото седиште, во нов неупотребуван куфер во багажниот простор, во  неколку  најлонски кеси  во страничниот простор за прва помош и алат и во просторот за резервна гума на возилото.  Истите се привремено задржани, а против возачот, кој бил сопственик на очилата, е поднесено барање за поведување прекршочна постапка.

Моторцикли, автоделови и делови за машини

- 2  мини моторцикли тип Gazella XJ и Knight 125, откриени при контрола на разна употребувана стока со потекло од Швајцарија, наменета за увозник од Струга, пријавена за увозно царинење во царинската испостава Охрид. Моторциклите, кои не биле опфатени со царинската декларација се привремено задржани а против увозникот ќе биде поведена соодветна постапка.

- 2 електронски матични плочи и 1 позиционер за игли за машини за конфекција, откриени при контрола на грчки автомобил, управуван од грчки државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Дојран. Непријавените производи, пронајдени  под совозачкото седиште и во фабрички простор над возачкото седиште, се привремено задржани, а против возачот е поднесено барање за поведување прекршочна постапка.    

- 33разни употребувани делови за патнички возила (анласери, алтернатори и турбини), откриени при контрола на швајцарски автомобил, управуван од македонски државјанин, пријавени за влез во државата на граничниот премин Богородица. Непријавените автоделови, пронајдени во багажникот на возилото покриени со церада, се привремено задржани, а против возачот ќе биде поведена соодветна постапка.

Облека

- 400 женски марами, 84 парчиња облека и 32 паричници и чанти откриениво три одвоени случаипри контрола на три македонски автомобили, управувани од македонски државјани, пријавени за влез во државата на граничниот премин Богородица.

Во првиот случај, во куфер и две најлонски кеси сместени во багажникот на возилото биле пронајдени 400 женски марами,  во вториот случај, во четири патни торби сместени во багажникот и на задното седиште на возилото биле пронајдени 58 парчиња облека (женски блузи, машки бермуди и капи), 10 паричници и 22 чанти, додека во третиот случај, во три најлонски кеси сместени во багажникот на возилото, биле пронајдени 26парчиња облека. Во сите три случаи непријавените производи се привремено задржани, а против возачите се поднесени барања за поведување прекршочни постапки.    

Модни додатоци, парфеми, тоалетни води и часовници

- 110.000 шноли и стегачи за коса, откриени при контрола на стока наменета за увозник од Скопје, пријавена за увозно царинење во царинската испостава Гевгелија. Производите, кои не биле опфатени со царинската декларација, се привремено задржани, а против увозникот е поднесено барање за поведување прекршочна постапка.

- 8 машки рачни часовници, 2 парфеми од 50ml, 3 тоалетни водиод 100 ml и 5 пара очила за сонце, откриени на Интернационалниот Аеродром Скопје, при контрола на патните торби на македонски државјанин, кој допатувал со лет од Виена. Непријавените производи се привремено задржани, а против патникот ќе биде поведена прекршочна постапка.

Останато

-2.930 разни производи (гумени чизми, ножеви, црева за хидранти, туш-батерии и карти за играње) кои не биле опфатени со царинските декларации, откриени во два одвоени случаи од страна на мобилните царински тимови.

Во првиот случај при контрола на стока од испраќач од Кина, наменета за увозник од Струга, пријавена за увозно царинење во царинската испостава Струга, биле пронајдени непријавени 100 пара гумени чизми, 600 кујнски ножеви, 30 црева за хидранти и 400 туш батерии.

Во вториот случај, при контрола на стока со потекло од Кина, наменета за увозник од Штип, пријавена за увозно царинење во царинската испостава Гевгелија,биле пронајдени непријавени 1.800 комплети карти за играње. Во двата случаи производите се привремено задржани а против увозниците ќе бидат поднесени барања за поведување прекршочни постапки.

- 30 ролни ленти и 29 ролни со етикети, откриени при контрола на македонски камион, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Дојран. Непријавените производи, пронајдени во просторот за палети и во кабината на возилото, се привремено задржани, а против возачот е поднесено барање за поведување прекршочна постапка.    

Стока за која постои сомневање дека повредува права од интелектуална сопственост

- 24.694 парчиња разни производи за лична хигиена (сапуни, купки, дезодоранси, креми, бричеви, тоалетни води и друго) со ознаки на заштитени трговски марки, откриени при контрола на албански камион, натоварен со стока наменета за увозник од Ирак, пријавен за излез од државата на граничниот премин Ново Село. Поради сомневање дека производите повредуваат права од интелектуална сопственост, истите се привремено задржани, и согласно законските прописи ќе биде поведена постапка за утврдување на нивната оригиналност.

- 15.470 пенкала со ознаки на заштитени трговски марки, откриени од страна на мобилните царински тимови при контрола на стока со потекло од Кина, наменета за увозник од Штип, пријавена за увозно царинење во царинската испостава Гевгелија. Поради сомневање дека производите повредуваат права од интелектуална сопственост, истите се привремено задржани, и согласно законските прописи ќе биде поведена постапка за утврдување на нивната оригиналност.

Царинска управа на Република Македонија

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...